You are currently viewing Заклучок од Националниот извештај за Северна Македонија во рамките на проектот Рома плус

Заклучок од Националниот извештај за Северна Македонија во рамките на проектот Рома плус

Со однос на пандемијата, Ромите се најсериозно згорозена етничка група во Северна Македонија. Посебно внимание треба да се посвети на населбите и местата каде живеат Роми низ Северна Македонија. Од причина што, има случаи кога Ромите живеат без вода и струја, а санитарните услови се лоши, младите и возрасните се практично исклучени од образованието и следствено од перспективата на социјалната вклученост. Поради тоа, итен одговор на проблемот со ширењето на Ковид 19 во македонските ромски населби е од витално значење. Поради условите за живеење, децата имаат потешкотии да учествуваат во учење на далечина и домашно школување. Преполните куќи не се поволни за учење, многумина дома немаат компјутери, родителите се неписмени или учениците Роми посетуваат само неколку часови на училиште и родителите не можат да им помогнат на децата.