Контекст

Ромите се најголемото етничко малцинство во Европа и со векови се составен дел на европското општество. Но, и покрај напорите на национално и европско ниво за подобрување на заштитата на нивните основни права и напредок во нивната социјална интеграција, многу Роми сеуште се соочуваат со тешка сиромаштија, длабока социјална исклученост, бариери за остварување на нивните основни права и дискриминација. Овие проблеми влијаат на нивниот пристап до квалитетно образование, што всушност ги поткопува нивните перспективи за вработување и приход, условите за домување и здравствениот статус, ограничувајќи ја нивната целокупна способност целосно да го искористат својот потенцијал. Подобрувањето на образовната состојба на Ромите е критичен тест за способноста на ЕУ да постигне напредок во вклучувањето на сите екстремно маргинализирани и социјално исклучени групи. Во овој контекст, учеството на Ромите во учењето на возрасните продолжува да опаѓа, од 9,8 % од популацијата на возраст од 25-64 години во 2005 година на само 9,1 % во 2020 година, со што не успеа да ја постигне зголемената „ЕТ2020“ цел.

Пристап

Рома плус има единствен прекуграничен пристап, фокусирајќи се на географска област каде што се среќаваат три балкански земји: Северна Македонија, Грција и Бугарија. Ромското население се покажа дека спроведува голем број на прекугранични мобилности, иницирани од истото културно и јазично потекло на ромското малцинство во областа. Поради овие мобилности и движењата на возрасните Роми, пристапот во областа ќе биде прилагоден на потребите на целното население.

Цели

Проектот Рома плус има за цел да развие ново просперитетно искуство за врсничко учење на возрасни Роми (со ниска писменост), зголемување на атрактивноста на обуката и намалување на стапките на напуштање на образованието кај ромската популација, истовремено подобрувајќи ги вештините и компетенциите на возрасните обучувачи/наставници за употреба на нови техники за обука на возрасни, приспособени на потребите и особеностите на нискописменото возрасно ромско население.

Рома плус низ бројки

  1. Најмалку 100 ученици Роми кои имаат корист од нивното учество во платформата Massive Open Online Courses (MooC);
  2. Најмалку 3 ромски претставници и здруженија кои дејствуваат како „амбасадори“ за да го шират зборот и да ги сензибилизираат другите
  3. Најмалку 10 обучувачи/наставници за возрасни кои имаат изграден капацитет;
  4. Најмалку 9 учесници со помалку можности кои ќе бидат водени и поддржани од постапката за настава/обука за возрасни на Рома плус;
  5. Најмалку 6 основни невладини организации и релевантни чинители опремени со нови вештини, знаења и ресурси кои можат подобро да им помогнат на Ромите.

Рома плус очекувани резултати

Зголемено прифаќање на возрасните Роми преку нивните подобрени вештини за описменување;

Три (3) интелектуални резултати;

Една (1) заедничка обука на тимот;

Четири (4) транснационални состаноци, вклучувајќи го и почетниот состанок и завршната конференција;

Четири (4) мултипликаторнастани, вклучувајќи и финална конференција;

+170 Возрасни Роми (ученици и едукатори) ќе ги подобрат своите вештини и знаења;

100 постери и 500 брошури/летоци по партнер што ќе бидат доставени до крајните корисници и самите корисници.

Интелектуални аутпути (излезни податоци/резултати) и активности

Интелектуален резултат 1: Дизајн и испорака на материјал за надградба на едукатори за возрасни Роми во форма на ООР

  • Активност 1.1: Анализа на потребите од обука и дефинирање на исходите од учењето
  • Активност 1.2: Подготовка на е-портфолио на ООР за возрасни обучувачи Роми
  • Активност 1.3: Приспособување на е-портфолиото во контекст на одредена земја
  • Активност 1.4: Дизајнирање на платформата MооC и поставување на материјалот

Интелектуален резултат 2: Дизајн на активности за врсничко учење

  • Активност 2.1: Деск истражување на тековните стратегии за врсничко учење во образованието за возрасни
  • Активност 2.2: Дизајн на активности за врсничко учење прилагодени за зголемување на писменоста на Ромите
  • Активност 2.3: Подготовка на прирачник Треннг за тренери (Train-the Trainers) за испорака на обука за ромско население
  • Активност 2.4: Дигитализација на материјал и поставување на е-платформа

Интелектуален резултат 3: Насоки за возрасни Роми кои користат ООР и активности за учење од врсници

  • Активност 3.1: Повик за учесници – Ромско население
  • Активност 3.2: Испорака на активности за учење од врсници на Ромите преку употреба на ООР
  • Активност 3.3: Евалуација и сертификација (со користење на Еуропас) на обуката за писменост на Роми
  • Активност 3.4: Фино подесување на ООР и активности за врсничко учење