Рома Плус

Зајакнување на писменоста и вештините за броење кај Ромите

Рома Плус

Проектот „Рома плус“ има за цел развој на ново напредно искуство за врсничко учење на возрасни Роми (со слаба писменост), зголемување на атрактивноста на обуката и намалување на стапките на напуштање кај ромската популација, истовремено подобрување на вештините и компетенциите на возрасните обучувачи/наставници во употреба на нови техники за обука на возрасни, прилагодени на потребите и особеностите на нискописмената возрасна ромска популација.

Главните цели на РОМА ПЛУС се:

Зголемување на нивото на писменост кај возрасни Роми преку зајакнување на нивните дигитални вештини и вештини за броење;

Ажурирање и правење поатрактивни програми за учење/обука на возрасни Роми, со цел поголема стапка на учество со помали напуштања/осипувања;

Олеснување при социјална интеграција на Ромите во нивните локални, регионални и прекугранични средини;

Зголемување на вештините и компетенциите на едукаторите за возрасни кои работат со ромската популација.

Партнери

Citizens Association for Support of Marginalised Groups Roma Resource Center Skopje (Координатор)

Amalipe

Symplexis

BK Consult

Контакт